Достапни линкови

Кина со поголемо право на глас во ММФ


Бордот на Меѓународниот монетарен фонд се согласи да им даде поголемо право на глас на земјите кои бележат забрзан економски напредок. Според договорот, 6 насто од таканаречните гласачки акции што ги имаа индустриските економии ќе им бидат трансформирани на динамичните пазарни држави. Со тоа Кина стана земја која ќе има трет водечки глас во Фондот, и тоа пред Германија, Франција и Британија. Пред неа ќе бидат само Соединетите држави и Јапонија. Исто така Индија, Бразил и Русија влегоа во десетте први земји во ММФ.
XS
SM
MD
LG