Достапни линкови

Дефинирање на границата меѓу Србија и Косово?


Српски воени претставници го повикале командантот на КФОР Ерхард Булер на разговори околу дефинирањето на граничната линија меѓу Косово и Србија, пишува весникот Коха Диторе, повикувајќи се меѓународни извори во Приштина. Според него, првиот состанок ќе се одржел на 18 овој месец во Ниш. Тој додал дека база на разговорите ќе биде Кумановската спогодба. ,,Тоа ќе биде долг процес и ќе требаат компромиси како што беше случајот и со одредувањето на границата со Македонија,, вели неименуваниот извор за Коха Диторе. КФОР и официјална Приштина отфрлија да ги коментираат ваквите наводи.
XS
SM
MD
LG