Достапни линкови

logo-print

ФРОНТЕКС уапси 115 илегалци на грчко-турска граница


Пограничните екипи на Европската унија, распоредени да патролираат по должина на североисточната копнена граница на Грција со Турција ја упасија првата група од 115 нелегални имигранти.
Повеќе од сто припадници а ФРОНТЕКС почнаа да патролираат долж границата од вчера во регионот меѓу Неа Виса и Орестиада.
Фронтекс се согласи минатиот месец да испрати 175 свои припадници во Грција, откако земјата побара помош поради зголемениот број имигранти, претежно од Африка и Авганистан, кои се обидуваат да влезат во земјите од ЕУ.
XS
SM
MD
LG