Достапни линкови

logo-print

Папандреу: Неуспех на локалните ќе доведе до парламентарни избори


Грчкиот примиер Јоргос Папандреу денеска изјави дека ќе распише предвремени парламентарни избори доколку избирачите на локалните избори, што ќе бидат одржани в недела, ги отфрлат владините мерки на штедење.
На новинарско прашање дали предвремените избори ќе предизвикаат и политичка нестабилност и ќе ја загрозат Грција и еврото, грчкиот премиер реплицираше со споредбата -„ што е поприфатливо, влада што не може да спроведе реформи или влада која има мандат од народот да ги спроведе промените.
XS
SM
MD
LG