Достапни линкови

logo-print

Босна и Албанија чекаат одлука за безвизен режим со ЕУ


Белгиското претседателство на Европската унија очекува в понеделник на седницата на Советот за правда и внатрешни работи во Брисел да донесе одлука за укинување на визите за граѓаните на Босна и Херцеговина и Албанија и покрај моменталното противење на некои земји-членки на ЕУ.
- „Очекуваме консензус. Франција, една од членките на ЕУ која е против укинување на визите за овие две балкански земји, побара од Европската комисија гаранции дека нема да се повторат проблемите кои настанаа минатата година по укинувањето на визите за Србија, Црна Гора и Македонија“, е соопштено денеска на брифинг во Брисел.
XS
SM
MD
LG