Достапни линкови

Србија најверојатно во 2011 со позитивен одговор од ЕУ


Србија најверојатно во текот на следната година ќе добие позитивен одговор од Европската Комисија за кандиудатурата за членство, а веднаш потоа ќе почне преговори за влез во Европската унија. Ова денеска го изјави шефот на словачката дипломатија Микулаш Џуринда.
Тој на средбата со српскиот министер за економија и регионален развој Млаѓан Динкиќ наведе дека Словачка го поддржува членството на Србија во ЕУ и оти ќе го помага спроведувањето на неопходните реформи.
Динкиќ се заблагодари за ставот на Словачка за прашањето за решавање на статусот на Косово.
Словачка е една од петте земји-членки на ЕУ која не ја признава независноста на Косово.
XS
SM
MD
LG