Достапни линкови

Наскоро нов медицински тим од Македонија во АЛТЕА


Во Командата за логистичка поддршка на АРМ денеска најавија упатување на 9 тата ротација на медицински тим на АРМ во мисијата АЛТЕА во Босна и Херцеговина.
Медицинскиот тим е составен од 10 лица, чија задача е да обезбедува општа медицинска помош за потребите на ЕУФОР, сместени во кампот Бутмир, кај Сараево.
Редовната ротација е планирано да се изврши во текот на месецот. Учеството со еден медицински тим во мисијата АЛТЕА, АРМ го започна во ноември 2006 година.
XS
SM
MD
LG