Достапни линкови

logo-print

Нема средба Груевски - Папандреу пред самитот на НАТО


Не е планирана нова билатерална средба меѓу премиерите на Грција и на Македонија Јоргос Папандреу и Никола Груевски пред Самитот на НАТО во Лисабон, изјави портпаролот на грчкото Министерство за надворешни работи Грегори Делавекурас. Сепак, убедени сме дека доколку раководството на ПЈРМ навистина одлучи дека е подготвена за некаков прогрес, тогаш решението навистина може да се случи многу брзо, изјави Делавекурас на средба со новинарите во Атина. Тој посочи дека Атина се надева на напредок што е можно поскоро, што е и грчка позиција презентирана од политичкото раководство на земјата на сите нивоа и во секоја прилика. Во тој дух, посочи, се одржа и последната средба на Папандреу и Груевски која се одвивала во добра клима. Тоа беше суштествена и неформална средба што ја имаа двајцата премиери и се надевам дека таа средба ќе создаде можност за промена во ставот на раководството на ПЈРМ, што ќе ни овозможи да постигнеме решение наскоро, рече Делавекурас
XS
SM
MD
LG