Достапни линкови

Министерката Канческа Милевска со кривична пријава против Ивановски


Министерството за култура ја дава на увид целокупната документација на проектите за кој е инвеститор и го поканува Игор Ивановски од СДСМ со експерт што самиот ќе го избере да ја провери. Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска на прес-конференција соопшти дека поднела кривична пријава против Ивановски поради повреда на нејзиниот углед и на Министерството со кое раководи.
Таа ги негираше наводите на Ивановски кој вчера и завчера на прес-конференции го прозва Министерството за афера што ја нарече „Патриотска метла“ - дека од таму исчезнала документација за проект од „Скопје 2014“ вреден 8 милиони евра.
Канческа-Милевска рече дека од Министерството снемало 14 документи за поништени постапки, за кои не биле склучени договори и немале финансиски импликаци и оти некои од нив биле од време кога таа не била министер. Меѓу документите, од кои некои се најдени, само еден се однесува на проект од „Скопје 2014“ - ентиериерно уредување на Музејот на ВМРО, но и тој како и останатите се однесувал на поништена постапка.
XS
SM
MD
LG