Достапни линкови

logo-print

МОН ја осуди тепачката меѓу средношколците во Скопје


Министерството за образование и наука најостро го осудува немилиот настан што се случи вчера меѓу две групи средношколци од скопските средни училишта „Никола Карев“ и „Орце Николов“.
- „Иако настанот се случил вон училишните згради, односно дворови, наша морална обврска е да потенцираме дека со јазикот на насилството и нетрпеливост не може и не смее да се решаваат несогласувањата во 21-от век, се вели во денешното соопштение од МОН“.
Република Македонија, како што стои во соопштението, преку своите образовни институции се стреми да изгради младина со развиена демократска свест, со висок степен на толеранција и спремност за дијалог како начин за надминување на меѓусебните недроразбирања. Министерството за образование и наука ги повикува одговорните лица од училиштата како и Министерството за внатрешни работи да ги превземат сите расположливи мерки за целосно расветлување на случајот и соодветно санкционирање на сите учесници
XS
SM
MD
LG