Достапни линкови

logo-print

Избоденото момче во Орце Николов во стабилна состојба


Повреденото момче во вчерашниот инцидент во гимназијата „Орце Николов“ се наоѓа во стабилна општа состојба, свесен е и контактибилен, но останува на интензивна нега поради натамошно набљудување, изјави денеска директорката на Градската општа болница Јасмина Чабуковска.
Момчето беше избодено со нож вчера во дворот на оваа скопска гимназија за време на расправија меѓу две групи малолетници. Во инцидентот повредено е уште едно 15-годишно момче, кое по санирањето на повредите, е пуштено на домашно лекување.
Според медиумите, потешко повреденото момче е син на началникот на Генералштабот на АРМ Мирослав Стојановски.
Секторот за внатрешни работи од Скопје презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно рачистување на случајот.
XS
SM
MD
LG