Достапни линкови

logo-print

Афери за себепромоција


Ќе има ли реакција од надлежните институции за ,,Скопје 2014"?

Ќе има ли реакција од надлежните институции за ,,Скопје 2014"?

Откривањето на политички скандали има за цел да се разбуди правната држава, но кај нас целта да се сврти вниманието на јавноста, велат аналитичарите.

Дали и аферата „Патриотска метла“ ќе заврши како и многуте досега? Партиите и од власта и од опозицијата ќе држат прес конференции, ќе се обвинуваат и на крајот никому ништо. Докази засега нема, а институциите си седат настрана. Власта не е транспарентна во врска со точната сума за проектот Скопје 2014, односно колку пари се предвидени за овој проект од буџетот и колку уште дополнително се плаќаат, а опозицискиот СДСМ, ако има сознанија за проневера, треба да излезе со комплетно досие, а не само да ја забавува јавноста преку секојдневни пресови, по примерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Ќе ја има ли „Патриотска метла“ истата судбина како и повеќето афери кај нас? Иако откривањето на политички скандали се прави со цел да се разбуди правната држава, кај нас тоа се практикува со цел да се сврти вниманието на јавноста, велат политичките аналитичари.


Откако вчера Социјалдемократскиот сојуз повторно излезе со информации дека недостигаат документи за тендерите за внатрешно уредување на музејот на ВМРО-ДПМНЕ, како и за восочните фигури внатре во него, од Министерството за култура одговорија нарекувајќи ги груба лага и невистина. Скандалозни се лагите, манипулациите и елементарното непознавање на законот за јавни набавки изнесени на прес-конференција на опозициската СДСМ, реагираа од Министерството за култура.

Аналитичарите, пак, велат дека јавното откривање на можни афери се прави со цел да се ангажираат институциите во државата, а влијаат и врз промената на изборните преференции на граѓаните, особено оние кои се неопределени.
За една опозициската партија да го изнесува „валканиот веш“ на власта е не само да и помогне на некој начин на правната држава да функционира туку и сепак да влијае врз јавното
мислење.


„За една опозициска партија да го изнесува „валканиот веш“ на власта е не само да и помогне на некој начин на правната држава да функционира туку и сепак да влијае врз јавното мислење“, изјави Здравко Савески од Факултетот за општествени науки.

Секое чудо за три дена, така е кај нас. Аферите се само обид да се сврти вниманието на јавноста и со секоја нова афера, да се скрие некоја друга, вели аналитичарот Јован Донев. Вели дека нема да се постигне некаков ефект, оти народот не е толку наивен.


„Такви кампањи кои што имаа функција само да го свртат вниманието или да оцрнат некого, е само тапкање во место, ништо не се постигнува во областа на рејтингот. Не се толку наивни граѓаните за да наседнат на нешто такво“, изјави Донев.


Политиколозите посочуваат дека е особено важно дали такви прес-конференции се набиени со емоции или, пак, се фокусирани на презентирање на аргументи. Ако има повеќе докази, а помалку емиоции, можно е да се очекува некаков ефект во однос на политичкиот рејтинг. За разлика од другите демократски земји каде при вакви настани навремено реагираат надлежните државни институции, кај нас се случува обратното. Тука, велат политиколозите можат да се изнесуваат податоци, а институциите да не покажат интерес за нивно разгледување.
Не се толку наивни граѓаните за да наседнат на нешто такво.

Од Социјалдемократскиот сојуз засега не понудија докази. Изјавија дека се уште е рано да се каже дали за оваа афера ќе се води судска постапка. Од Министерството за култура, пак, тврдат дека сите јавни набавки биле спроведени јавно и транспарентно, во согласност со законските прописи во Македонија.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG