Достапни линкови

logo-print

Борисов - Бугарија ги подржува ОМО Илинден и ОМО Илинден Пирин


Комесарот за човекови права на Советот на Европа, Томас Хамарберг во писмото до бугарскиот премиер Бојко Борисов побара од бугарските власти целосно да ги почитуваат правата и слободите на македонското малцинство, посебно нивното право на слободно здружување и мирно собирање“.
Во одговорот до Хамарберг испратен на 3 ноември, бугарскиот премиер Борисов, забележува дека за случајот со ОМО Илинден „бугарските власти ги спровеле на дело сите општи мерки, во согласност со Европската конвенција за човекови права. Борисов, исто така, тврди дека за реализацијата на општествените и културните активности ОМО Илинден и ОМО Илинден Пирин добивале поддршка од бугарските власти.
XS
SM
MD
LG