Достапни линкови

68 загинати при уривање на авион на Куба


Кубанските авио власти соопштија дека сите 68 лица на авионот, кој се урна на островот, загинале. Авионот се урна вчера во планинска област летајки од Сантјаго де Куба до Хавана.
Пред паѓањето, екипажот алармирал итна ситуација, но, засега нема други детали.
Во авионот имало и 28 странци од Аргентина, Мексико, Холандија, Германија, Австрија, Франција, Италија, Шпанија, Венецуела и Јапонија.
XS
SM
MD
LG