Достапни линкови

logo-print

Двајца средношкоци избодени со нож во Скопје


Двајца средношколци се избодени со нож во расправа на две групи малолетници во училишниот двор на гиманзијата „ Орце Николов“ во Скопје. Едното од момчињата има две убодни рани во градниот кош и под итно е опериран, по што сега се наоѓа на интезивна нега, додека другото момче по санирање на повредите е пуштено на домашно лекување , изјави директорката на клиниката за хируршки болести „Св. Климент Охридски“, Јасминка Чабуковска . Според неофицијланите информации што ги објавија дел од медиумите, потешко повреденото момче е син на началник на Генералштабот на АРМ .
XS
SM
MD
LG