Достапни линкови

Евроатлантскиот совет за новиот НАТО концепт


Евро-атлантскиот совет на Македонија ги презентира ставовите и анализите за Новиот стратешки концепт на НАТО 2010-2020

Евро-атлантскиот совет на Македонија ги презентира ставовите и анализите за Новиот стратешки концепт на НАТО 2010-2020

Проширувањето на НАТО во Европа да заврши до 2020 година и конечно Европа да се обедини - предлог на македонскиот Евроатлантски совет за новиот НАТО концепт.

Македонија покажа и докажа дека е подготвена да ја понесе одговорноста и да се жртвува за заедничките интереси на НАТО, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев, кој е и потпретседател на Евро-Атлантскиот совет на Македонија.
Не е прашање дали ние ќе имаме жртва, туку кога ќе имаме жртва во операциите што ги спроведуваме и јас веројатно ќе треба да одам на некој
погреб.


„Не е прашање дали ние ќе имаме жртва, туку кога ќе имаме жртва во операциите што ги спроведуваме и јас веројатно ќе треба да одам на некој погреб.“

Македонски војници се дел од мисијата ИСАФ во Авганистан

На јавната трибина на која Евро-атлантскиот совет на Македонија ги презентираше ставовите и анализите за новиот стратешки концепт на НАТО за наредните 10 години, холандската амбасадорка Симоне Филипини, праша дали Македонија ќе може да одговори на идните предизвици на Алијансата, пред се од финансиски аспект.
Ѓорчев вели дека Македонија го зголеми бројот на војници во Авганистан и ги зголеми трошоците за плати за војниците таму за 6 пати со што тие достигнуваат до 8,5 милиони евра годишно.
Верувајте со 8,5 милиони евра годишно во текот на овие години ние можевме да земеме четири апачи хеликоптери и ќе бевме супер технолошки подготвени, тоа е за Македонија одлично, но ние решивме дека имаме одговорности и дека парите ќе ги даваме за плати затоа што сме потребни во
Авганистан.


„Верувајте, со 8,5 милиони евра годишно во текот на овие години ние можевме да земеме четири Апачи хеликоптери и ќе бевме супер технолошки подготвени. Тоа е за Македонија одлично, но ние решивме дека имаме одговорности и дека парите ќе ги даваме за плати затоа што сме потребни во Авганистан.“

Македонија предлага проширувањето на НАТО во Европа да заврши до 2020 година и конечно Европа да се обедини. Ова е дел од сугестиите што Евро-Атлантскиот совет на Македонија ќе му ги предложи на НАТО за подобрување на новиот стратешки концепт на Алијансата за наредните 10 години.

Влатко Ѓорчев, потпретседател на Евро-Атлантскиот совет на Македонија

Претседателот на Советот, поранешниот министер за одбрана Лазар Еленовски вели дека Македонија во 2008 ги исполни сите критериуми за влез во НАТО, но се случи преседан и земјава не влезе во Алијансата од политички причини. Сепак, Македонија покажа дека е добар партнер и дека има капацитет да ги сподели обврските што ги носи членството во оваа организација, вели Еленовски.
Тој предлага, Алијансата да го ревидира и забрза и процесот на носење одлуки.

„За одредени нестратешки и неголеми политички прашања консензусот нема да игра за секоја работа, а за крупните прашања како што е прием на нови членки или нови операции тоа ќе продолжи да функционира.“

Според предлозите на Евро-Атлантскиот совет на Македонија, новиот стратешки концепт на НАТО за во наредните десет години треба да ги потврди заедничките вредности на замјите членки, Алијансата треба да се трансформира и воено и политички, да развие ефективни воени капацитети, да посвети внимание на партнерствата, пред се со Русија и со арапскиот свет, да влезе во нова фаза на соработка со ОН и да стане глобализирана организација.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG