Достапни линкови

Косор: Хрватска се уште не планира да ја повлече тужбата против Србија


Хрватската премиерка Јадранка Косор денеска изјави дека Владата за сега не го разгледала прашањето за повлекување на тужбата против Србија за геноцид, поднесена во Меѓународниот суд на правда.Таа додаде дека на денешната средба со српскиот претседател Борис Тадиќ, разговарале и за ова прашање, но не соопшти детали. Хрватските политичари го поздравија гестот на Тадиќ со положувањето цвеќе на меморијалот во Овчара и извинувањето за масакарот во Вуковар во 1991 година.
XS
SM
MD
LG