Достапни линкови

Аеро спортовите замираат


Моделарството, едриличарството и падобранството се спортски дисциплини за кои во Битола се негувале повеќе од половина век, но за жал последните години згаснуваат.

Од битолскиот аероклуб, еден од најстарите во регионот, велат дека малкумина се занимаваат со моделаторство, а за едриличарство и падобранство и да има заинтересирани, но обуките се доста скапи, а во продукцијата на ваквите кадри веќе не помага државата. Така заинтересираните треба сами да ги платат часовите кои чинат многу ако се знае дека и трошоците се големи кога авиогоривото на пример е е три пати поскапо од обичното гориво.
На прсти кај нас се бројат луѓето кои се занимаваат со овој спорт. Состојбите се такви пред се заради финансиите имаме еден од најниските стандарди во Европа, а и културата кон авијацијата генерално.


„Кај нас е катастрофална состојбата нема луѓе кои работат акробатски модели со кои можете да разменувате делови, потоа нема луѓе за обука. Кога нема луѓе нормално дека тој спорт слабо се развива. На прсти кај нас се бројат луѓето кои се занимаваат со овој спорт. Состојбите се такви пред се заради финансиите имаме еден од најниските стандарди во Европа, а и културата кон авијацијата генерално, не само кон моделарството, деловите ги порачуваме по интернет, кај нас нема продавница за такво нешто, ниту во регионот. Еден дел може да чини од 200 до 20 000 евра“, вели Ненад Пановски, изработувач и летач на акробатски модели.

Илустрација: Падобранци

Како во битолскиот така и во другите аероклубови во државата на број четири досега се обучиле поголем број падобранци. Но, во последните години вакви кадри излегоа многу малку.
Во моментов сите клубови се организираат за пролетното продуцирање на падобранци почетници. Тоа е многу потребно во Македонија зашто падобранството е во надолна линија.


„Во моментов сите клубови се организираат за пролетното продуцирање на падобранци почетници. Тоа е многу потребно во Македонија зашто падобранството е во надолна линија“, вели Тони Митревски, падобранец.

Денес, аероклубовите одвај сврзуваат крај со крај зашто се оставени сами на себе да се финансираат од слободни активности, од вљубеници и донатори.

„За жал услови не можеме да им пружиме зашто овие спортови односно оваа наша активност е прилично скапа. Порано имаше можности зашто државата, поточно војската ни даваше горива, средства. Претежно работевме за создавање кадри во војска. Сега со голем ентузијазам се трудиме колку што можеме нешто да создадеме“, вели Илија Трајков, пилот во пензија и член на битолскиот аероклуб.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG