Достапни линкови

Митинзи на провладините и националистички групи во Русија


Илјадници млади екстремно десничарски националисти денеска се натпреваруваат во бројност на митингот по повод одбележувањето на новиот руски национален празник.
Младинската група „ Наши“ соопшти дека собрала над 15 илјади луѓе во Москва додека екстремно десничарските националисти собрале најмалку 5 илјади луѓе за анти-имигрантскиот митинг на периферијата на градот.
Празникот Национален ден на единство се слави од 2005-тата година, кога тогашниот претседател Владимир Путин го прогласи за државен празник во замена за одбележувањето на Октомвриската Револуција.
XS
SM
MD
LG