Достапни линкови

НБРМ: Пораст за 2 до 3% на БДП во 2011


Народната Банка предвидува пораст од 2 до 3 проценти на бруто домашниот производ и инфлација од исто толкав процент во Македонија. Гувернерот Петар Гошев изјави дека во проекцијата за растот се вклучени и најавените капитални инвестиции за догодина, а дали тие владата ќе го реализира или не тоа е нејзина работа. Тој додаде дека и идната година ќе продолжи политиката на стабилен девизен курс, а 2011 -та година треба да биде почеток за позабележително закрепнување на економијата.
XS
SM
MD
LG