Достапни линкови

logo-print

Груевски: Македонија и Украина имаат добра економска соработка


Македонија и Украина имаат добра економска соработка но има потенцијал за нејзино подбрување и унапредување за што Владата вложува посеби напори, изјави денеска премиерот Никола Груевски на крајот на дводневната посета на Киев. Во неговото обраќање на украинско-македонскиот бизнис форум истакна дека годишната трговска размена меѓу двете земји во последниве 15 години изнесува околу 100 милиони долари. Тој додаде дека енергетскиот сектор и поволностите што ги нудат технолошко-индустриските развојни зони, се можни сфери за украински инвестиции во Македонија.
XS
SM
MD
LG