Достапни линкови

Основачот на Фејсбук помоќен од Осама Бин Ладен


Најмоќниот човек на светот е кинескиот претседател Ху Џинтао, според овогодинешната листа на магазинот Форбс.
Како објаснувањето на својот избор во магазинот наведено е дека Џинтао за разлика од своите западни колеги може да преусмерува текови на реки, да создава градови, да затвара бунтовници и цензурира интернет страници без да им објаснува на „досадните бирократи“ и како што се вели во магазинот има „ диктаторска контрола врз една петтина од светската популација.
Американскиот претседател, Барак Обама го загуби минатогодишното прво место поради поради поразот на Демократите на изборите неделава.
На третото место е Саудискиот крал, Абдулах. Магазинот, четвртото место му го отстапува на рускиот премиер Владимир Путин додека 12-тото место му припаѓа на претседателот Дмитрии Медведев. Пописот што го право Форбс на 68 најмоќни луѓе се заснова на нивното влијание врз светот. Па така основачот на социјалната мрежа Фејсбук , Марк Цукенберг е на 40-то место и е помоќен од Осама бин Ладен кој се наоѓа на 57-мата позиција.
XS
SM
MD
LG