Достапни линкови

Тадиќ се извини за масакарот во Вуковар во 1991год.


Српскиот претседател Борис Тадиќ се извини за масакарот во Вуковар во 1991-та година. Тадиќ е првиот српски лидер кој го посети и положи цвеќе на спомен обележјето на масовната гробница во Овчара, во близина на Вуковар. Покрај Тадиќ кој бил во придружба на неговиот хрватски колега Иво Јосиповиќ , венци положија и семејствата на жртвите. Во масовните гробници се пронајдени над 200-те тела, а се уште се трага по 60-тина.
XS
SM
MD
LG