Достапни линкови

logo-print

Власта ја негира „Патриотска метла“


Исчезна ли од министерството за култура документацијата за тендерите за проектот ,,Скопје 2104"?

Исчезна ли од министерството за култура документацијата за тендерите за проектот ,,Скопје 2104"?

Министерството за култура ги отфрла обвинувањата на СДСМ за злоупотреби во тендерите за проектот „Скопје 2014“

Нема никаква афера и ништо од тоа што е кажано во јавноста не е точно, изјави за Радио Слободна Европа министерката за култура Елизабета Канчевска Милевска, откако вчера СДСМ обвини дека е исчезнат поголем дел од тендерската докумантација за проектот Скопје 2014. Министерката, која во моментот е надвор од земјата, најави прес конференција на која како што рече ќе ги изнесе аргументите против ваквите обвинувања.
Од самиот почеток тврдиме дека проектот ,,Скопје 2014" е најкриминалниот проект на владата на Никола Груевски. На сите им станува јасно дека ,,Скопје 2014" е класична портокалова пералница


Од опозициската СДСМ остануваат на ставот дека злоупотреби во тендерската документација имало. Велат дека во наредниот период ќе откријат уште детали за како што ја нарекоа аферата „Патриотска метла.“

,,Од самиот почеток тврдиме дека проектот ,,Скопје 2014" е најкриминалниот проект на владата на Никола Груевски. На сите им станува јасно дека ,,Скопје 2014" е класична портокалова пералница. Во министерството за култура или некој ја уништил или ја украл за да сокрие поголем дел од документацијата од милионските тендери од ,,Скопје 2014".

изјави Игор Ивановски од СДСМ кој посочува дека некои проекти недостасувале понудите, а за други пак конкурсните трудови кои биле клучни за конечниот избор на тендерите. Ивановски вели дека е рано да се каже дали за овој случај ќе се води судска постапка.
Министерката за култура Елизабета Канческа Милеска

Експертите објаснуваат дека во ваков случај, дури и ако нема докази, јавното обвинителство треба да покрене постапка и врз основа на добиен глас. Исто таква постапка треба да иницира и Антикорупциската комисија. Оттаму велат дека се уште не одлучиле дали ќе покренат постапка, но од друга страна такавата можност не ја исклучуваат.
Во министерството за култура или некој ја уништил или ја украл за да сокрие поголем дел од документацијата од милионските тендери од ,,Скопје 2014"

,,Отвараме предмет, во рамките на работата по предметот бараме информации, документи, копии, придружна основа на доказна документација за да може да видиме за што се работи. Практично утврдуваме фактичка состојба."

вели Мирјана Димовска, член на Комисијата за спречување корупција.
Таа посочува дека доколку по деталното разгледување на предметот Комисијата утврди дека се работи за кривично дело, комисијата има посредна улога. Предметот се доставува до јавното обвинителство и тоа го има последниот збор.
Од комисијата велат дека во последните четири години до Јавното обвинителство доставиле 54 кривични иницијативи, но само дел од нив добиле судска разрешница.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG