Достапни линкови

Македонија ги почна разговорите со ММФ


Претставници на Меѓунардониот монетарен фонд во наредниве две недели ќе разговараат со македонски функционери за отворениот кредит во вредност од 400 милиони евра кој и е понуден на земјава. Шефот на мисијата на ММФ, Вес Мекгруи денеска ќе се сретне со вицепремиерот Зоран Ставрески, но не открија, пред средбата, под какви услови ќе и биде достапен кредитот на земјава. Отворената кредитна линија и беше понудена на Македонија на Годишното собрание на ММФ и Светска банка, и според тоа што тогаш го изјавија официјалните претставници станува збор за каматна стапка од 1,3 проценти годишно.
XS
SM
MD
LG