Достапни линкови

logo-print

Нов имплант за вид кај слепите


Германски лекари открија нов вид на имплант на ретината на окото, технологијата која има за цел да им го врати видот на луѓето кои страдаат од слепило. Се оценува дека новиот имплант претставува невиден напредок во електронските визуелни протези. Имено, тројца пациенти биле во можност да гледаат форми и предмети, а еден да оди сам и да прави разлика меѓу седум нијанси на сива боја. Пронајдокот може да им помогне на околу 200 илјади луѓе ширум светот кои страдаат од ретинитис пигментоза, болест со која сензорите на светлина во ретината постепено престанува да функционираат.
XS
SM
MD
LG