Достапни линкови

Тројца загинати во сообраќајка меѓу Градско и Прилеп


Тешка сообраќајна несреќа се случи изутрината на патот Градско, Прилеп кога се судрија автомобил со италијанска регистарска табличка и автобус на претпријатието „Балкан промет,, од Радовиш. Во несреќата сите три лица во автомобилот го загубиле животот, а шесте патници во автобусот биле полесно повредени. Според првичните информации до несреќата дошло најверојатно кога возилото марка „сеат“ од непознати причини преминало на другата страна од патот и директно удрил во автобусот.
XS
SM
MD
LG