Достапни линкови

logo-print

Свлечиште во Турција, 6 загинати


Најмалку 6 луѓе загинаа, а 4-ца се повредени во јужна Турција при активирање на свлечиште, известуваат турските медиуми. Според објавените информации, причина за активирањето на свлечиштето е работата врз ископ на ров за традиционално глинено огниште. Новинските агенциите известуваат дека инцидентот се случил денеска додека жители на село во околината на градот Мидат, во округот Мардин, копале ров, наменет за огниште за готвење.
XS
SM
MD
LG