Достапни линкови

Русија вети поголема помош за НАТО за Авганистан


Русија денеска вети дека ќе му помогне повеќе на НАТО во Авганистан.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров по денешната средба со шефот на НАТО Андрес Фог Расмусен изјави дека Русија ќе ја прошири соработката со НАТО и во Авганистан затоа што тоа е од заеднички интерес.
Расмусен се сретна и со рускиот претседател Дмитри Медведев кој изјави дека односите меѓу Русија и НАТО во последно време станале попродуктивни и интезивни.
На средбите се разговарало за можностите Русија да помогно во снабдување на авганистанските владини сили со хеликоптери и пилот-обуки. Инаку на престојниот самит на НАТО во Лисабон на 20-ти овој месец, е предвидено присуство и на рускиот претседател Медведев.
XS
SM
MD
LG