Достапни линкови

logo-print

Папандреу: Пакет- бомбите удираат врз авторитетот на Грција


Грчкиот премиер Јоргос Папандреу изјави дека се осудени на неуспех „сите кои напразно се обидуваат да го уништат јавното спокојство преку терористички напади “ и вети дека извршителите на бомбашките напади ќе бидат казнети. Тој додаде дека овие неодговорни и бесмислени дејствија се насочени да им наштетат на напори на грчкиот народ да воспостави ред во земјата и да ја застане економијата на нозе.Вкупно 14 пратки со експлозив беа откриени во Атина во последните 3 дена, од кои една беше адресирана до францускиот претседател Никола Саркози, а другите до амбасадите на Бугарија, Русија, Германија, Швајцарија, Мексико, Чиле, Холандија и Белгија. Три од бомбите експлодираа, предизвикувајќи мали материјални штети и лесно повредувајќи една жена.
XS
SM
MD
LG