Достапни линкови

logo-print

Британска муслиманка осудена на доживотна поради обид за убиство


Британската муслиманка, Рошонора Коудри е осудена на доживотна казна затвор поради обид за убиство на британски политичар. Таа, минатиот мај во Лондон, со нож два пати го прободе поранешниот министер за финансии , Стефан Тимс, поради тоа што гласал позитивно за учество на земјата во војната во Ирак. 21 годишната студентка ќе одлежи мунимум 15 години затвор по донесената пресуда. Се претпоставува дека Коудри слушала радикални исламистички предавања на интерет кој ги водел Аншар Ал Авлаки од Јемен за кого Соединетите Американски држави распишаа потерница поради поврзаност со Ал Каеда.
XS
SM
MD
LG