Достапни линкови

"Голема Албанија" нема подршка, оценија Вујановиќ и Иванов


Претседателите на Црна Гора и на Македонија Филип Вујановиќ и Ѓорѓе Иванов, по разговорите во Подгорица изјавија дека треба да биде унапредена економската соработка меѓу двете земји, но оти проблем е лошата патна инфраструктура. Вујановиќ истакна дека Црна Гора би сакала што поскоро да биде решен спорот меѓу Македонија и Грција за името, а Иванов изрази желба Европската Унија да има ист пристап кон овој проблем како во спорот меѓу Хрватска и Словенија. На прашањето за идеите за Голема Албанија, двајцата претседатели оценија дека станува збор за нереален проект, кој нема поширока подршка.
XS
SM
MD
LG