Достапни линкови

Ирачките пратеници наскоро ќе почнат со работа


Ирачките пратеници ќе се состанат во понеделник да изберат нов претседател на Собранието со што ќе го направат првиот чекор за излез од 8 месечната политичка криза. Ова го соопшти досегашниот претседател на Парламентот, Фуад Масун. Според ирачкиот устав, пратениците треба да избера еден претседател и двајца заменици, а потоа претседателот ќе има задача да го именува новиот Премиер чија коалиција има најмногу пратенички места и треба да формира влада. Сунисткиот доминантен блок на поранешниот премиер Ијад Алави победи со мала разлика на изборите наспроти шиитскиот блок на досегашниот премиер Нури Ал Малики. Досега ниту еден од противниците не успеа да собере мнозинство за да формира владина коалиција.
XS
SM
MD
LG