Достапни линкови

Началниците од Јадранската повелба утре на состанок во Скопје


Началниците на генералштабовите на армиите од земјите членки на Јадранската повелба утре ќе одржат состaнок во Скопје. Состанокот ќе го отвори македонскиот министер за одбрана Зоран Коњановски, а покрај генералите и адмиралите од Балканот на состанокот ќе присуствуваат и Командантот на здружената команда на НАТО во Неапол, Самуел Локлиер и заменикот на командантот на Европската команда на САД, Џон Гарднер.
XS
SM
MD
LG