Достапни линкови

Вонредна состојба во Краљево


Во Краљево e прогласена вонредна состојба и формирани експертски комисии кои ќе го обиколат теренот за да се утврдат штетите од синоќешниот земјотрес, во кој загинаа две лица. Градоначалникот на Краљево, Љубиша Симоновиќ изјави дека една четвртина од градот е без електрична енергија, додека водоснабдувањето, главно е нормално. Земјотресот со интензитет од 5,4 степени по Рихтеровата скала се случи изутрината во еден часот и 56 минути, а епицентарот бил на 10 километри северозападно од Краљево.
XS
SM
MD
LG