Достапни линкови

Поблиска соработка меѓу НАТО и Русија


Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен пристигна во Москва на разговори за проширувањето на соработката со Русија во Авганистан. Расмусен ќе разговара со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров и со претседателот Дмириј Медведев. Како што е најавено, ќе стане збор и за можната соработка меѓу НАТО и Русија во врска со анти-ракетниот штит во Европа. Инаку на престојниот самит на НАТО во Лисабон на 20-ти овој месец, е предвидено присуство и на рускиот претседател Медведев.
XS
SM
MD
LG