Достапни линкови

Републиканската партија ја презеде контролата од демократите на претседателот Барак Обама врз Претставничкиот дом на американскиот Конгрес. Според првичните резултати од вчерашните избори, републиканците добиле доволно места за да имаат комфорно мнозинство во Претставничкиот дом. Демократите, и покрај загубата на шест места во Сенатот, сепак и натаму се мнозинство.

Бранот незадоволство кај избирачите поради економските тешкотии. На ова аналитичарите го гледаат големиот успех на републиканците на овие американски избори и за прв пат по 2006 година ќе завладеат во Претставничкиот дом.

Џон Бејнер, републиканец од Охајо и иден спикер на Претставничкиот дом

Официјалните резултати и излезни анкети на национално ниво покажаа дека тие освоија над 50 пратенички места од Демократската партија на Обама, односно ќе имаат најмногу пратеници во последниве 70 години. На републиканците им требаа најмалку 39 места за да ја преземат контролата.

Интересен е и податокот дека во своето прво појавување на некои избори, најновото американско политичко движење Ти Парти или Чајанка доби неколку места во Конгресот со што покажа дека е сериозна политичка сила. Станува збор за движење кое настана врз основа на разочараноста на гласачите од двете најголеми американски партии.

Како и да е, изборните резултати претставуваат голема промена само две години откако Обама и неговата Демократска партија дојдоа на власт на бранот на оптимизмот кај граѓаните.

Двете години контрола на демократите во Белата Куќа и Конгресот не ги донесоа промените што ги очекуваа повеќето Aмериканци.
Се надеваме дека претседателот Обама сега ќе ја почитува волјата на народот, како и промената на курсот и ќе ги изврши бараните измени. И само врз таа основа ние сме подготвени да работиме со него.


Човекот кој ќе стане нов спикер на Претставничкиот дом, републиканецот од Охајо Џон Бејнер изјави дека изборните резултати се своевидно отфрлање на политичарите кои одбиле да го слушаат народот.

„Се надеваме дека претседателот Обама сега ќе ја почитува волјата на народот, како и промената на курсот и ќе ги изврши бараните измени. И само врз таа основа ние сме подготвени да работиме со него.“

Веднаш по овој говор, Белата Куќа објави фотографија на Обама како му телефонира на Бејнер со официјална изјава за соработка.

Обама доживеа и своевиден личен пораз, бидејќи неговото сенатско место од државата Илиноис го освоија републиканците.

Тери Мадона, директор на Центарот за политички прашања во Пенсилванија, вели дека изборните резултати драматично ќе ги сменат преостанатите две години на претседавањето на Обама, бидејќи секоја негова мерка мора да мине низ рацете на конзервативните републиканци во Претставничкиот дом.
Претседателот Обама му честита на Џон Бејнер

Што се однесува до реакциите во светот Мадона додава:

„Претседателот Обама е многу попопуларен таму отколку во Америка. Ќе има извесна конфузија во врска со тоа зошто претседателот доживеа таков пораз.“

Сепак, според Мадона, преуранета е секоја дискусија за тоа дали резултатите индицираат дека Обама ќе биде во Белата куќа само еден мандат.

Тој потсетува дека и поранешните претседатели Роналд Реган и Бил Клинтон на делумните избори претрпеле големи порази, но две години потоа биле реизбирани.

Но, според него, историјата нема многу врска со економската волја, или, како што вели, Обама може да се надева на втор мандат само доколку ја зголеми вработеноста во земјата.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG