Достапни линкови

Јапонија го повлече својот амбасадор од Москва


Јапонскиот амбасадор во Москва се вратил во Јапонија во знак на протест поради посетата на Дмитриј Медведев на Курилските Острови. Амбасадорот Масахару Коно бил повикан во Токио на консултации за новиот развој во руско – јапонските односи. Советските трупи ги окупираа Курилските Острови на крајот од Втората Светска Војна, а Јапонија бара да и бидат вратени, што е причина поради која Москва и Токио немаат потпишано договор за мир.
XS
SM
MD
LG