Достапни линкови

За Републиканците Долниот дом, за Демократите Сенатот


Републиканската партија ја поврати контролата врз долниот дом на американскиот Конгрес, јавуваат агенциите повикувајќи се на излезните анкети по вчерашните избори во САД. Според нив, Републиканците освоиле доволно гласови за преземање на контролата врз 435- члениот Претставнички Дом, каде што во изминатите 4 години мнозинството го имаше Демократската партија на претседателот Барак Обама. Излезните анкети исто така покажуваат дека Републиканците ќе преземат и пет места од конкурентите и во горниот дом, но и покрај тоа се очекува задржување на мнозинството на Демократите во Сенатот.
XS
SM
MD
LG