Достапни линкови

Земјотрес во Србија, двајца загинати


Две лица загинаа во земјотресот што ноќеска околу два часот ја погоди Србија. Епицентарот на потресот со интензитет од 5,4 степени според Рихтеровата скала, бил во околината на Кралево. Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ соопшти дека брачната двојка од Кралево загинала откако врз нив паднала бетонска плоча, додавајќи оти во болницата во градот се пријавени 50-на лесно повредени граѓани. Земјотреси со овој интензитет може да предизвикаат мали структурни оштетувања кај полошо изградените објекти, се вели во соопштението на Сеизмолошкиот завод на Србија.
XS
SM
MD
LG