Достапни линкови

Во Грција две лица обвинети за праќањето пакет-бомби


Грчките власти подигнаа обвинение против две лица поврзани со испраќањето на пакети-бомби до повеќе дипломатски претставништва во Атина. Тие се товарат за членство во терористичка група, за тероризам и предизвикување експлозија со која се загрозени животите на луѓето. Во меѓувреме, грчката полиција на карго терминалот на атинскиот аеродром синоќа откри два пакети со бомби, кои ги уништи со контролирана експлозија. Пакетите биле адресирани до европски институции. Изминатите два дена во Атина вчера беа откриени пакети-бомби кои биле адресирани до амбасадите на неколку европски и јужноамерикански држави.
XS
SM
MD
LG