Достапни линкови

Пакет-бомба за Берлускони го затвори аеродромот во Болоња


На аеродоромот во италијанскиот град Болоња повторно е воспоставен сообраќајот, откако тој синоќа беше затворен по слетувањето на авион во кој се наоѓал пакет- бомба, адресиран до премиерот Силвио Берлускони. Можното присуство на бомба во авионот кој од Атина летал за Париз, го открила приватната транспортна фирма ТНТ, по проверката на списокот на пакети пратени во последните неколку часа. Проверката е воведена по откривањето на неколку други сомнителни пакети пратени од Грција.
XS
SM
MD
LG