Достапни линкови

logo-print

Фронтекс од денеска на грчко-турската граница


Околу 170 специјалисти од граничната полиција од 26 европски држави денеска ќе почнат да дејствуваат во североисточниот дел на Грција за да помогнат во борбата против илегалните имигранти кои доаѓаат од Турција, изјави портпаролот на ФРОНТЕКС, Агенцијата за надворешните граници на Европската унија. Екипите координирани од грчката полиција ќе спроведуваат операции за контрола на границата до декември и ќе ги идентификуваат евентуалните илегални имигранти. Тие ќе бидат задолжени за дневните патроли на границата, ноќни патроли со помош на термокамери, разговори со имигрантите и утврдување на нивната националност со цел да бидат вратени во нивните матични земји.
XS
SM
MD
LG