Достапни линкови

Експлозии во Багдад, 60-на загинати


Во серијата експлозии што се случија синоќа во Багдад, според најновиот биланс загинале најмалку 62 лица, а повеќе од 200 биле ранети. Десетината експлозии, главно во шиитските делови на главниот град на Ирак, биле предизвикани од автомобил- бомби, нагазни мини и минофрлачи, соопшти полицијата. Овие крвопролевања доаѓаат само два дена откако вооружени луѓе нападнаа една католичка црква во Багдад, при што загинаа 58 лица.
XS
SM
MD
LG