Достапни линкови

Падна владата во Косово


Парламентот во Косово со големо мнозинство изгласа недоверба на Владата на премиерот Хашим Тачи. Ваквата состојба ќе предизвика предвремени избори, изјави привремениот претседател Јакуп Красниќи. За предлогот гласање недоверба на Владата инициран од опозициската партија Алијанса за Ново Косово , гласале „за“ 66 пратеници од 105-те присутни во Собранието. Според законот, предвремените избори треба да бидат распишани во рок од 45 дена. Претходно Тачи изјави дека со смената на власта ќе се стави крај на политичката криза во Косово.
XS
SM
MD
LG