Достапни линкови

Пресудата за убиството на Пуканиќ, утре пред јавноста


Хрватскиот суд утре ќе ја објави пресудата за шестмината обвинети за убиство на сопственикот на неделникот„ Национал “ Иво Пуканиќ и неговиот соработник Нико Фрањиќ. Судскиот процес траеше девет месеци. Хравтската агенција за борба против корупција и организиран криминал пред почетокот на судењето го прошири обвинението, па освен за убиствата, тужените се обвинети и за планирање на уште две убиства, доведување на други луѓе во животна опасност и предизвикување голема материјална штета.
XS
SM
MD
LG