Достапни линкови

Вестервеле: Односите меѓу Белорусија и ЕУ зависат од реформите


Германскиот министер за надворешни работи Гвидо Вестервеле денеска ја повика Белорусија да одржи слободни и фер демократски избори следниот месец. По денешната посета на Минск, во придружба на полскиот шеф на дипломатија, Радослав Сикорски, Вестервеле изјави дека понатамошниот напредок во односите на Белорусија со Европската Унија зависи токму од демократските реформи во земјата.
XS
SM
MD
LG