Достапни линкови

logo-print

Животот во Мариово се врати. Во околните села има многу дечиња, но недостига училиште.

Ако до пред неколку години селата во општина Новаци се жалеа дека изумираат зашто се оставени без помладок, сега се случува демографски пресврт. Дел од ергените во овие рурални средини се оженија со невести од Албанија и се народија деца. Така што сега деца има, но недостига училиште. На пример во селото Долгобевци има седум деца кои на училиште одат во соседната општина Могила, во
Јас сум родител на три деца. За две години на школо треба да тргне најголемото затоа барам училиште ако може да се отвори, да ги школувам децата. Инаку чувам сто крави, 450 овци. Треба сето тоа да го испродадам да бегам Битола заради училиштето
Тепавци има шест деца од кои барем две од идната година ќе почнат на училиште, пет деца во Рапеш, Мариовско итн. Старите селски училишта се руинирани, а сообраќајните врски со околните села каде има училишта се прилично лоши.

,,Јас сум родител на три деца. За две години на школо треба да тргне најголемото затоа барам училиште ако може да се отвори, да ги школувам децата. Инаку чувам сто крави, 450 овци. Треба сето тоа да го испродадам да бегам Битола заради училиштето. Најблиските училиште се во Новаци и Бач. До Бач има 15 километри и да
секам таму да ги носам нема со што патот е блокиран од новиот рудник на РЕК. Новаци далеку е зимно време како ќе се носат кога ние низ село немаме асфалтиран пат, не до Новаци."

вели Љупчо Петовски, жител на Тепавци. Од општина Новаци смирауваат дека ниту едно дете на школска возраст нема да остане надвор од образовниот систем. Градоначалникот Лазар Котевски вели дека радува ваквиот демографски пресврт и дека во тек се анализи што да се преземе.

,,За три рурални средини во нашата општина имаме поднесено барање за отворање на основни училишта. Од Министерството за образование ни рекоа да кажеме во кои села можат да се отворат училишта. Исплатливоста не е голема за мал број деца да се отворат училишта, па ако не можеме тоа така да го изведеме, ќе организираме превоз до централното училиште во Новаци."

вели Котевски.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG