Достапни линкови

logo-print

Медведев ќе ги посети и другите спорни острови во Јапонија


Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров изјави дека претседателот Дмитри Медведев планира да ги посети и другите острови за кои се спорат со Јапонија. Соопштението на Лавров следува по објавувањето на Јапонија дека привремено ќе го повлече својот амбасадор од Русија. Лавров соопшти дека Русија не планира да го повлече својот амбасадор од Токио.
Јапонскиот министер за надворешни работи соопшти дека сака да добие повеќе информации од амбасадорот за планираните посети на Медведев.
XS
SM
MD
LG