Достапни линкови

Три бомби експлодирале во Атина пред амбасади


Грчката полиција соопшти дека експлодирале бомби пред швајцарската амбасада во Атина и пред зградата на парламентот додека бомбата наменета за бугарската амбасада експлодирала под контролирани услови на полицијата . Официјални претставници на швајцарската амбасада соопштија дека моторциклист фрлил бомба во дворот на амбасадата.
Засега нема информации за ранети при експлозиите. Вчера грчката полиција уапси двајца осомничени за испраќање пакети со експлозив до три амбасади во Атина и до францускиот претседател Никола Саркози.
XS
SM
MD
LG